Top Sport

Конте: Ќе ја тужиме УЕФА

Менаџерот на Тотенхем – Антонио Конте најави дека Спарси ќе преземе правни чекори поради испаѓањето од Конференциската лига.

Тотенхем не сакаше да го игра мечот против Рен во последното коло од групната фаза затоа што голем дел од членовите на стручниот штаб, но и од фудбалерите беа заразени со коронавирус.

Спарси ден претходно ја известија УЕФА дека нема да можат да го играат мечот. Најпрво натпреварот беше одложен, а потоа и откажан затоа што не можеше да се најде термин за одигрување до 31 ноември, кога по пропозициите мораше да заврши групната фаза.

Потоа УЕФА го регистрираше мечот со резултат 3-0 за рен, па екипата на Конте падна на третата позиција, а понатаму поминаа Витесе и Рен.

„Не можам да верувам дека УЕФА донесе таква одлука. Тоа е потполно некоректно. Но, се уште ништо не е готово. Постои и друг чекор, а тоа е суд. Сигурен сум дека ќе го преземеме тој чекор и дека ќе го добиеме спорот, затоа што заслужуваме да имаме можност да играме во ова натпреварување. Не знам зошто е донесена таква одлука. Можеби се работи за приватни интереси“ рече Конте.

„Дејли мејл“ пишува дека Тотенхем понудиле термин овој понеделник, 24 часа по мечот со Ливерпул (2-2) и тоа на теренот на Рен, иако оригинално требаше да се игра во Лондон. Но клубовите не успеаја да се договорат.

Scroll to Top