Top Sport

Конте одбил да се сретне со претседателот на Наполи

Фудбалскиот клуб Наполи ќе му даде уште една шанса на тренерот Руди Гарсија. Францускиот тренер лошо влезе во сезоната со актуелниот шампион на Италија. Играта не е ниту одблуску препознатлива како што тоа беше минатата сезона под водство на Лучано Спалети. Наполи веќе доживеа два порази на домашен терен во Серија и еден во Лигата на шампионите.

Позицијата на гарсија засега е сигурна, но прашање е до кога ќе има трепение за неговата работа, првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Пред два дена италијанските медиуми пишуваа дека Де лаурентис сака да го донесе АНтонио Конте, односно дека подготвил за него три годишен договор со плата од 10 милиони евра по сезона.

Конте одбил да се сретне со Де Лаурентис и по тој повод се огласи на Инстраграм.

„Ме поврзуваа со многу големи клубови, но засега мојот план е да почекам и да уживам со моето семејство“.

Scroll to Top