Антонио Конте е се поблиску до отказ во Тотенхем. Спарси испуштија предност од 1:3 во Саутемптон, мечот заврши 3:3, а по натпреварот Конте удри по играчите и газдата на клубот, Дануиел Леви.
„Не сум навикнат на вакви ситуации, но ова само покажува дека водам еден куп себични играчи, дека тимот не постои“, започна Конте, а потоа додаде:
„Гледам 11 играчи кои не сакаат да си помагаат, ниту да го остават срцето на теренот“.
Јасно е дека Тотенхем и оваа сезона ќе ја заврши без трофеј. Последен пат Спарси освоија трофеј во 2008 година.
Запрашан да каже која е причината за ваквата објава на Тотенхем, Конте одговори:
„Затоа што се навикнати овде, да играат за трофеи. Тие не сакаат да играат под притисок, под стрес. Ја следат линијата на најмал отпор. Тоа е приказната на Тотенхем“.
А потоа Конте го удри и првиот човек Даниел Леви со кого очигледно не е во добри односи…
„Згора на се, тука е сопственикот кој 20 години седи во фотелја и не освоил ништо. Зошто е тоа така? Дали е виновен клубот или тренерите кои дојдоа од тука во тој период, праша Конте и продолжи.
„Фигурата на тренерот постојано се нарушува, а сите останати се заштитуваат. До сега молчев и се обидував да ја сокријам вистинската ситуација, но сега веќе нема да го правам тоа. Она што го видов денес е неприфатливо за сите, неприфатливо е за навивачите. Тие не следат насекаде, плаќаат билети за да не гледаат секој пат. Тоа е неприфатливо. Сите треба добро да размислиме”.
Англичаните шпекулираат дека по овој говор Конте ќе добие отказ.