Top Sport

Конте побара засилувања во јануари: Знам кој треба да остане, а кој да замине

Антонио Конте побара од првите луѓе на Тотенхем да му обезбедат нови засилувања веќе во јануарскиот преоден рок, посочувајќи му на бордот на кои позиции им се потребни нови фудбалери.

52-годишниот италијански стручњак веднаш по пристигнувањето најави дека неговиот тим не е доволно силен да се бори за висок пласман.

„Сигурно дека ни се потребни засилувања. Веќе по две недели кажав дека треба да го засилиме тимот и тоа е јасно. Бев сигурен по само 7 или 10 дена, кога ја правев проценката на кого можам да сметам од тимот. Разликата од најдобрите е многу голема и потребна е напоран работа да се изградиме како тим“, вели Конте.

Тоа исто така значи дека тој веќе направил „список“ на фудбалери кои може да заминат.

„Направив проценка по два месеци работа со мотие фудбалери. Сега ситуацијата е многу појасна. Чекам состанок со клубот и да им ја објаснам ситуацијата“, вели Конте, кој во својата кариера честопати поставувал јасни барања за засилувања, но и носел успех (како во Челси и Интер), но и честопати си заминувал со конфликт со клубовите (како во Челси и Јувентус).

Scroll to Top