Top Sport

Лукаку: Не сум задоволен од ситуацијата во Челси, еден ден ќе се вратам во Интер

Ромелу Лукаку не е среќен во Челси под системот на Томас Тухел и чувствува носталгија кон претходниот клуб Интер, открива Белгиецот во неверојатно интервју за „Скај спортс“.

„Физички сум добар. Но, не сум среќен со ситуацијата во Челси. Тухел реши да игра со поинаков систем. Нема да се предадам, ќе бидам професионалец. Не сум среќен со ситуацијата, но сум професионалец и не можам да се предадам сега“, вели Лукаку.

28-годишниот Белгиец го постигна единствениот гол при 1:1 ремито со Брајтон во средата, што беше негов 5 гол во 13 настапи оваа сезона, откако се врати на „Стемфорд Бриџ“ за рекордни за клубот 97.5 милиони фунти од Интер, каде што во две сезони имаше 47 гола во 72 меча.

Тој признава дека чувствува носталгија за Интер и верува дека еден ден ќе се врати кај „нераѕурите“.

„Се надевам од дното на срцето дека ќе се вратам во Интер не на крајот на кариерата, туку кога уште ќе сум на врвно ниво за да освоиме уште нешто заедно. Сакам да се извинам на навивачите на Интер, бидејќи не ги избрав зборовите добро – тоа што го направивте за мене ќе остане засекогаш“, вели Лукаку.

Лукаку претходно беше играч на Челси од 2011 до 2014, но имаше само 10 настапи, по што беше позајмен на Вест Бромвич Албион и Евертон. Тој исто така играше и за Манчестер јунајтед и неговите 118 голови во Премиерлигата го прават 20. на вечната листа и трет меѓу активните фудбалери зад Хери Кејн (170) и Џејми Варди (127).

Scroll to Top