Италијанските медиуми тврдат дека Антонио Конте би ја прифатил понудата да стане нов менаџер на Манчестер јунајтед доколку тие решат да се разделат со Оле Гунар Солскјер по 0:5 поразот од Ливерпул, иако не е сигурен дали би ја прифатил понудата на сред сезона.
Името на Конте почна да биде „тренд“ на Твитер со над 22.000 твитови со името на италијанскиот тренер во врска со Манчестер јунајтед, и дел од навивачите на „ѓаволите“ сметаат дека поранешниот прв човек на Јувентус, Челси и Интер е вистинското решение.
Новинарот на „Спортиталија“, Џанлуиџи Лонгари тврди дека работата во Јунајтед е на врвот на приоритетите на Конте за во иднина, иако претходно тој изјавуваше дека не сака да презема клубови на сред сезона. Фабрицио Романо, вообичаено доброинформиран за италијанскиот фудбал, тврди дека Конте би преферирал да почне од „нула“ на крајот на сезоната.
Конте, кој е познат по тоа што при доаѓањето во клубовите во кои е менаџер прави „чистка“ на играчите кои не му се потребни, исто така би сакал уверување од бордот на Манчестер јунајтед дека клубот е сериозен во враќањето во борба за титулата од Лигата на шампионите, што најверојатно ќе значи голем буџет за засилувања и покрај милионите кои досега ги потрошија „ѓаволите“.
La prima scelta di Antonio #Conte tra le panchine che traballano sarebbe quella del Manchester United. #mufc
— Gianluigi Longari (@Glongari) October 24, 2021
Antonio Conte would accept Manchester United job on ONE major condition https://t.co/g55LJ8unYl via @Metro_Sport
— Peter (@manzmanzana) October 24, 2021