Top Sport

Конте: Работата во Тотенхем е сосема различна, имаме 1 отсто шанси за ЛШ

Антонио Конте смета дека неговите Тотенхем имаат само 1 отсто шанси за топ 4 пласман оваа сезона, признавајќи дека работата во лондонскиот клуб е сосема различна од неговите претходни ангажмани.

52-годишниот италијански стратег имаше одличен старт на работата во ноември, но сега има три порази во низа во Премиерлигата од Челси, Саутемптон и Вулверхемптон и Тотенхем паднаа на осмото место на табелата со 7 поени зад Манчестер јунајтед, иако со три натпревари помалку од „ѓаволите“.

„Во минатото секогаш велев дека чувствувам дека имаме 1 отсто шанси да ја освоиме лигата. Тука ситуацијата е поинаква, бидејќи сметам дека имаме 1 отсто за да завршиме на четвртото место. Ситуацијата е поинаква, бидејќи нивото на лигата е високо и ема многу простор со другите тимови во лигата. Сите сакаат да се подобри, не само Тотенхем, туку и Арсенал, Лестер, Вест хем, Астон вила и Њукасл. Но, и тимови како Вулверхемптон и Брајтон. Во моментов треба да се бориме со тие клубови, а не со тие кои се на врвот“, вели Конте во интервју за „БеИн“.

Конте во својата кариера како тренер освојувал лигашки титули со Јувентус, Челси и Интер, но во Тотенхем се наоѓа во клуб кој нема освоено трофеј од Карабао купот во 2008 година.

„Најважно е да не се исплашиме од ситуацијата. Мораме да го градиме тимот. За мене ова е сосема различна ситуација од минатото“, додава Конте.

Scroll to Top