Антонио Конте денеска го одработи првиот тренинг со Тотенхем, но италијанските медиуми тврдат дека е можно тој да не биде на клупата на лондонскиот клуб на мечот од Конференциската лига против холандскиот Витесе поради проблеми со работната дозвола.
Иако веќе ја има освоено Премиерлигата со Челси, правилата за работни дозволи за држави од ЕУ се сменија во Велика Британија по „Брегзит“ и сега тој мора да почека да заврши бирократската процедура.
52-годишниот Конте само ја „набљудуваше“ тренинг-сесијата на Тотенхем, но не го предводеше тимот, ниту техички ја организираше. Според „Ла газета дело спорт“, тој нема да биде на прес-конференцијата за дуелот со Витесе, ниту на клупата, но целта е во текот на викендот да дебитира со Евертон на гости. Првиот меч во Лондон ќе биде дури на 21 ноември по интернационалната пауза.