Top Sport

Конте со фудбалска мудрост: Можеш да згрешиш со жената, но не и со напаѓачот

Антонио Конте беше во добро расположение на денешната прес-конференција, на која предизвика бура реакции со цитирањето на поранешниот директор на Фиорентина, Панталео Корвино: „Можеш да згрешиш со изборот на жената, но не со голманот и напаѓачот“.

Тотенхем утре се враќаат на теренот на меч со Барнли, и на прашањето колку е важно да имаш искусни фудбалери како Иго Љорис и Хери Кејн ги изнасмеа новинарите.

„Се сеќавам дека на ваков одговор еден спортски директор во Италија, кој ми е близок пријател, Панталео Корвино кажа: ‘Можеш да згрешиш за својата жена, но не за напаѓачот’. За мене тоа е најдобра изјава за мојата претстава на фудбалот, нели? За да градиш тим. Зборуваме за двајца добри фудбалери, двајца важни фудбалери за нас, исто така фудбалери со огромно искуство“, изјави Конте.

Конте и Корвино потекнуваат од Саленто во регионот Пуља, а Корвино е човекот кој ги донесе во Италија Мирко Вучиниќ, Никола Миленковиќ и Душан Влаховиќ.

Scroll to Top