Тренерот на Интер, Антонио Конте не ги штедеше критиките кон водечките луѓе на неговиот тим, откако ги предводеше „нераѕурите“ до второто место на табелата по саботниот 2:0 триумф против Аталанта, завршувајќи ја сезоната со поен заостанувае зад шампионот Јувентус по три победи во последните три меча.
Но, тој не ги заборави критиките кои ги добиваше за непостојаната форма на почетокот на сезоната и вели дека тој и неговите фудбалери не биле доволно заштитени.
„Овој тим има срце и гордост, но и желба да покаже дека критиките кои ги добивавме не беа коректни. Ќе има време да се направат сите проценки, бидејќи беше интензивна година, посебно за мене лично. Никој не ја признаваше мојата работа и работата на фудбалерите, а клубот не ни пружи заштита со постојаните споредби со други клубови. Ако сакаме да ја намалиме разликата до Јувентус, мора да бидеме силни на теренот, но и надвор од него. Сега ќе морам да разговарам со претседателот, коју е во Кина. Треба да бидеме обединети и во добрите и во лошите моменти и тоа не се случи оваа година“, изјави Конте.