Top Sport

Шампионот ги „здроби“ Лејкерси

НБА шампионите Торонто репторс имаа фантастичен меч за да ги совладаат Лос Анџелес лејкерс со 107:92, успевајќи во одбраната да ги „стопираат“ противниците на само 34 поени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Кајл Лаури постигна 33 поени и 14 скока, О Џеј Ануноби додаде 23 поени за Репторси да го „свртат“ мечот во последната четвртина која ја добија со 35:22. Од другата страна Лејкерси целосно разочараа – Џејмс заврши со 20 поени, 10 скока и 5 асистенции, а Дејвис имаше 14 поени и само 2-од-7 од поле.

Во другите „ноќни“ натпревари, Мајами стигна до 125:105 победа над Денвер нагетс, предводени од Батлер и Адебајо со 22 поени, Оклахома со 110:94 беше подобра од Јута, додека Лос Анџелес Клиперс ги надиграа Њу Орлеанс пеликанс со 126:101, предводени од Пол Џорџ со 28 поени и Кавај Ленард со 24.

Scroll to Top