Top Sport

Конте: Уживанција е да се гледа овој Интер

Антонио Конте смета дека е рано да се зборува дека Интер е главен кандидат за скудетото оваа сезона, но додава дека ужива да го гледа неговиот тим по 5:2 победата над Беневенто во средата.

„За секој тренер најзадоволувачки е да види дека иако играчите се менуваат, приодот кон фудбалот останува ист. Сфаќам дека да не победевме ќе имаше критики бидејќи направив седум промени на стартните 11, но тоа е животот на тренерот. Важно е новите фудбалери да се адаптираат и тоа значи дека треба да ризикуваш“, вели Конте.

Во два меча, „нераѕурите“ постигнаа 9 гола, но исто така примија 4, што е невообичаено за тимовите на Конте.

„Ова е тим кон напаѓа, креира многу шанси, така што неизбежно ќе има напор во одбраната. Иако примивме два гола, навистина уживам кога го гледам овој Интер. Градиме тим за цела сезона и мислам дека ќе бидеме непредвилдиви“, вели Конте.

Интер го „прегази“ Беневенто, историска прва победа на Специја!

Scroll to Top