Top Sport

Атлетико без „муниција“ кај Уеска, Вилјареал се врати со победа

По убедливата 6:1 победа над Гранада во текот на викендот, Атлетико Мадрид не успеа да ја продолжи низата и на гостувањето кај новиот прволигаш Уеска, одигрувајќи само 0:0, додека Вилјареал по 4:0 поразот од Барса, се врати со 3:1 триумф над Алавес.

И покрај тоа што Луис Суарез беше стартер за првпат во дресот на „рохибланкос“, тој не успеа да се запише во листата на стрелците во разочарувачки меч за Диего Симеоне.

Вилјареал пак, поведе преку Пако Алкасер уште во 13. минута, пред Мендез да израмни во 36. минута. Морено од пенал го врати водството на „жолтата подморница“ во 45. минута, пред Алкасер да ја обезбеди победата во второто полувреме.

Scroll to Top