Top Sport

Конте: Во Англија повеќе се ужива во фудбалот

Интервјуата на тренерот на Интер, Антонио Конте секогаш се забавно четиво, како неговите совети за сексуалниот живот на фудбалерите, и тој еднаш го докажа тоа во разговорот за емисијата „Ке темпо ке фа“ на РАИ.

Иако се врати во Италија со горчлив вкус во устата (и полно пари), откако Челси се ослободија од него само една сезона откако тој ја освои титулата во Премиер лигата, тој признава дека искуството на англискиот фудбал било одлично за него.

„Да бидам искрен, во Англија навистина повеќе ја цените целата атмосфера околу фудбалот. Луѓето доаѓаат на стадион да уживаат во мечот и во шоуто и го признаваат напорот кој го правите. Еден ден во Челси, игравме дома против Мидлзборо, кои испаѓаа. Победивме 4:1, а нивните навивачи им аплаудираа на моите играчи кои беа под тој дел од стадионот. Бев навистина изненаден од тоа и морав да отидам и јас да им аплаудирам. Тоа го нема во Италија“, вели Конте.

Тој е познат по неговите прослави на головите и победите, но признава дека поразите влијаат подлабоко на него

„Страста не можам да ја скријам, иако подоцна се срамам. Тоа е чиста страст, ништо не е подготвено. Јас сум таков и ако тоа му пречи некому, тогаш се извинувам. Но, верувајте прославата е кратка, а поразот подолго е со мене, можеби ден или два. Тогаш станувам товар на моето семејство. Сега сум среќен и нема да зборувам за тоа. Јас сум директен човек, не зборувам дипломатски“, објаснува Италијанецот.

Тој признава дека сопругата на Матија Дестро, Лудовика Карамис ќе го „памети цел живот“, откако како италијански селектор го повика на тренинг напаѓачот на Болоња веднаш по нивната свадба.

„Тој се ожени, но мораше да се врати на работа“, вели Конте.

Конте им објаснувал на фудбалерите како да имаат секс!

Scroll to Top