Антонио Конте повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Челси, објави „Скај спорт“. Италијанскиот стратег, доби отказ бидејќи не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите.
Конте добро го наплати отказот, бидејќи клубот за предвремен раскин на договорот, се согласил да му исплати 9,5 милиони фунти.
На клупата на Челси, Конте ќе го наследи неговиот сонародник Маурисио Сари, кој си замина од Наполи.
Антонио Конте две сезони го предводеше Челси, во првата сезона ја освои титулата во Премиер лигата, а минатата сезона го освои ФА купот.