Top Sport

Контроверзниот жолт картон на Џака под истрага на британската полиција

Британската Национална криминална агенција (НЦА) ќе го истражува контроверзниот жолт картон на поранешниот капитен на Арсенал, Гранит Џака на мечот против Лидс јунајтед минатиот декември, по сомнителното обложување.

Фудбалската асоцијација уште во јануари потврди дека го истражува случајот откако швајцарскиот репрезентативец доби жолт картон за „трошење“ време во 4:1 победата на Арсенал на „Еланд Роуд“. Според британските медиуми, еден облог дека Џака ќе добие жолт картон на мечот донел заработувачка од 250.000 фунти со посебен услов дека тој ќе добие картон во последните 10 минути од мечот.

Ова е прв случај за испитување на „местење“ во меч од Премиерлигата, која се сметаше дека е имуна на корупцијата на фудбалерите поради големите суми кои ги заработуваат.

Сомнително обложување околу жолт картон на играч на Арсенал

Scroll to Top