Top Sport

Сомнително обложување околу жолт картон на играч на Арсенал

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) истражува еден жолт картон добиен од играч на Арсенал во меч од Премиерлигата оваа сезона поради „сомнително“ обложување кај британските букмејкери.

Според „Атлетик“, букмејкерот ја информирал федерацијата дека се поставени „невообичаени“ суми на пари дека засега неименуваниот фудбалер ќе добие жолт картон во текот на мечот.

Вакви индивидуални облози на картони, корнери, изведувачи на аути, претставуваат голем проблем за фудбалските власти, бидејќи тука фудбалерите можат директно да влијаат на исходот на облозите.

Иако името на фудбалерот не се открива, дел од фановите на Интернет се убедени дека се работи за Гранит Џака кој доби жолт картон при 1:4 победата над Лидс, кога на осум минути пред крајот долго време не го изведуваше слободниот удар.

Ова не е првпат да има вако случај во Англија. По пензионирањето, легендата на Саутемптон, Мет Ле Тисие призна дека се договорал со своите пријатели дека тој прв ќе ја исфрли топката во аут на мечот против Вимблдон во 1995 година, но дека ова било спречено откако неговиот соиграч ја сопрел топката. Ова беше пријавено на полицијата, која реши дека нема случај.

Во 2018 година пак, поранешниот фудбалер на Линколн сити, Бредли Вуд доби шестгодишна суспензија откако на своите пријатели им кажал дека ќе добие жолт карто нана ФА мечевите против Ипсвич и Барнли.

Scroll to Top