Top Sport

Копа дел реј: Леонеса го исфрли Атлетико, во аут и Еибар и Селта! (видео)

Културал Леонеса, клубот кој се натпреварува во Сегунда Б, или во третата шпанска лига, успеа да го „нокаутира“ Атлетико Мадрид во 1/16 финалето на Копа дел реј, триумфирајќи со 2:1 по продолженијата во лоша вечер за фаворитите – испаднаа и прволигашите Селта и Еибар под нисколигаши.

Диего Симеоне реши да одмори повеќе од стандардните првотимци, но сепак, сите очекуваа лесна победа на гостувањето. Атлетико успеа да стигне до 1:0 водство во средината на второто полувреме, преку Кореа по одличната асистенција на Жоао Феликс, но домашните успеаја да израмнат преку Кастанеда во финишот на натпреварот.

Во 108. минута, Серхио Бенито го постигна најверојатно најславниот гол во неговата кариера, елиминирајќи ги „јорганџиите“ од натпреварувањето.

КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/16 ФИНАЛЕ

Ебро – Леганес 0:1

Мирандес – Селта Виго, 1:1, 2:1 по продолженија

Бадахоз – Еибар 3:1

Леонеса – Атлетико Мадрид 1:1, 2:1 по продолженија

Рајо Валјекано – Реал Бетис 2:2, 4:2 на пенали

Scroll to Top