Top Sport

Дончиќ ќе го предводи Западот на Ол-стар натпреварот

НБА лигата ги објави стартните петорки за Ол-стар натпреварот кој ќе се одржи во Чикаго на 16 февруари. Прв пат на мечот на сите ѕвезди во НБА ќе се појави Лука Дончиќ кој од навивачите доби речиси пет милиони гласови.

Словенецот Дончиќ, кој игра брлијанта сезона ја претводи стартната петорка на Западната конференција. Покрај играчот на Далас Ол-стар мечот ќе го стартуваат Џејмс Харден (Хјустон), Каваи Ленард (ЛА Клиперс) и двоецот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Петорката на Источната конференција ја предводи Јанис Адетокумбо од Милвоки. Место покрај Гркот изборија уште Треј Јанг (Атланта), Кемба Вокер (Бостон), Паскал Сијакам (Торонто) и Џоел Ембид (Филалделфија).

Тренерите на сите НБА тимови дополнително ќе ги одредат резервите.

Scroll to Top