Генералниот директор на Интер, Џузепе Марота, наводно постигнал „принципиелен договор“ за трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) од Лацио, тврди весникот „Кориере дела сера“. Според истиот извор, Марота, во наредните денови ќе потврди дека српскиот репрезентативец е првата желба на Интер во летниот преоден рок.
Трансферот на СМС, ќе била една од темите на која Марота ќе разговарал, во Пекинг, со сопствениците на Интер, групацијата „Сунинг“.
Марота преговараше околу трансферот на овој фудбалер и додека беше во Јувентус, но клубот од Торино не сакаше минатото лето да издвои 120 милиони евра за овој играч.
СМС, во меѓувреме, потпиша нов договор со Лацио, во кој не е вметната клаузулата за откуп, што Италијаните го протолкуваа дека тој по завршувањето на сезоната ќе го напушти Лацио.