Top Sport

„Кориере“ завојува со Интер и Конте – откажан прес за медиуми

Управата на калчолигашот Интер соопшти дека поради протест поради тенденциозното известување на одредени медиуми во Италија, нема да се одржи вообичаената прес-конференција пред денешниот меч против Фиорентина (во 20.45 на „Фриули“ во Фиренца).

Се работи за весникот „Кориере дело Спорт“ кој изминатата недела се чини сериозно „завојува“ со „нероазурите“.
Прво, пред дербито на Интер и Рома објави проблематична наслаовна страна под наслов „Црн петок“ додека на фотографијата беа Ромелу Лукаку и Крис Смолинг.

Сепак, се чини дека чашата ја прелеа кога завчера весникот објави писмо на навивачите на Интер во кое еден од тифозите жестоко го нападна тренерот Антонио Конте, а писмото лично го поддржа и новинарот Итало Чучи.

Поради тоа во Интер сметаа дека засега е најдобро да биде откажана прес-конференцијата.

„Во петокот `Кориере дело Спорт“ објави многу офанзивни зборови на сметка на нашиот тренер, а авторот на текстот ја оправда агресијата во својот коментар. За да им испратиме јасна порака на сите медиуми, дека мораат да гарантираат почитување за сите луѓе, решивме да нема прес-конференција“ – стои во соопштението на Интер.
? | COMUNICATO
Oggi non si terrà la conferenza stampa ? https://t.co/9ZPpGd8cR6#FCIM
— Inter (@Inter) December 14, 2019

Scroll to Top