Top Sport

Јоветиќ: Направив голема грешка што го одбив Реал во 2009.

Кој знае што би било доколку повредите не го стопираа „растот“ на Црногорскиот фудбалер, Стеван Јоветиќ (30). Поради постојаните повреди му се прекинуваа добрите периоди во кариерата, го исфрлаа од ритам.

Тој сега е член на Монако, а сега повторно почна на тренинзи откако е „надвор од стројот“ уште од април годинава.
Во интервју за италијанска „Газета дело Спорт“, Јоветиќ разкажува за своите искуства во тимовите низ кои помина.

„Тој период во Фиренца беше посебен. Тогаш во 2013 отидов во Манчестер Сити, иако ме бараше и Јувентус, но не можев да ги изневерам навивачите на Фиорентина“ – вели Јоветиќ.

Периодот на „Итихад“ не беше сјаен, играше ретко, често беше повреден, па отиде на позајмица во Интер, па Севилја и сега Монако. Се можело да тргне во друг правец доколку не одлучел порано да ги напушти „виолетовите“.

„Беше голема грешка што го одбив Реал Мадрид во 2009 година. Не бев подготвен, но не можам да го вратам времето“ – вели фудбалерот.

Scroll to Top