Top Sport

Коринтијанс му посвети дрес на Аиртон Сена

Третата гарнитура на дресовите за оваа сезона, фудбалскиот клуб Коринтијанс реши да му ја посвети на Аиртон Сена.

Дресот е комбинација на црна и златна боја. Ова се боите на болидот на Лотус што го возеше Сена од 1985 до 1987 година.

Во средишниот дел, наместо името на спонзорот, ќе биде потписот на легендарниот возач. Исто така на дресот има 41 линија, што го симболизира бројот на победи на Сена во Формула 1.

Бразилецот во кариерата возел за Толеман, Лотус, Мекларен и Вилијамс.

Трикратноот светски првак Сена трагично настрада на патеката во Сан Марино на 1.мај 1994 година.

Scroll to Top