Top Sport

Меси ја крои трансфер политиката во Барселона

Алармот во Барселона се вклучи откако екипата на Ернесто Валверде на последните три натпревари, од можните девет освои само два бода. Барселона одигра нерешени на домашен терен против Џирона (2:2) и Атлетик Билабо (1:1), а загуби во Мадрид од Леганес (2:1).

Во решавање на проблемот, според шпанските медиуми, се вклучил и најдобриот играч во тимот, Лионел Меси.

Наводно, Меси имал состанок со челниците на клубот, на кој им порачал дека во јануарскиот преоден рок треба да се случат некои промени во тимот.

Меси ги советувал челниците да ги продадат Томас Вермален, Нелсон Семедо и Рафиња. Според Аргентинецот овие тројца немале квалитет што е потребен за да се носи дресот на Барселона.

Аргентинецот посочил дека парите од овие трансфери клубот треба да ги насочи кон Пол Погба, кој подолго време се поврзува со Барселона.

Scroll to Top