Top Sport

Коринтијанс се разделија со тренерот по два меча по обвинувањата за силување од 1987

Алекси „Кука“ Стивал, веќе не е тренер на бразилскиот гигант Коринтијанс, откако навивачите го предводеа протестите за неговото ангажирање поради случајот со силување од 1987 година, иако претседателот на клубот изјави дека е можно тој да се врати во клубот во иднина.

Клубот од Сао Пауло потврди дека Кука си заминува по само два меча на клупата поради „приватни причини“. 59-годишниот Кука во 1987 година беше осуден во отсуство од швајцарски суд на 15 месечна затворска казна за сексуален чин со малолеетничка додека играл во Гремио, но тој си замина од земјата.

Претседателот на Коринтијанс, Дуилио Монтеиро Алвеш вели дека не жали што го ангажирал Кука.

„Вознемирен сум што тој си заминува денеска. Можеме само да жалиме бидејќи се работи за човек кој можеше да ни помогне со неговото искуство. Сакав да го задржам, но подобро е тој да ја реши оваа ситуација и да се врати да работи со Коринтијанс“, вели Алвеш.

Ова не е првпат Кука да има ваква реакција од навивачите. Во февруари 2021 тој беше ангажиран од Атлетико Минеиро, но по протестите од навивачите си замина од клубот.

Scroll to Top