Top Sport

Шефилд јунајтед немаат пари да го исплатат ветеното по влезот во Премиерлигата

Шефилд јунајтед направија подвиг и осигураа враќање во Премиерлеигата со вчерашниот 2:0 триумф над Вест Бромвич Албион, но сега имаат вистински проблем да ги исплатат бонусите кои беа ветени на фудбалерите од 250.000 до 400.000 фунти по човек, тврди „Дејли мејл“.

Клубот од „Брамал лејн“ има финансиски проблеми по одлуката на газдата принцот Абдула да го постави клубот на продажба и на играчите им било кажано да не ја очекуваат исплатата до крајот на летото. Шефилд јунајтед ќе ја добијат првата исплата на парите од Премиерлигата (170 милиони фунти во период од три години) во јули. Клубот во јануари доби забрана за трансфери од Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) бидејќи не ги исплатиле парите на Ливерпул за трансферот на Рајан Брустер и оваа забрана беше крената овој месец.

Scroll to Top