Top Sport

Корона вирусот го натера Де Брујне да ја продолжи кариерата

Белгискиот ас на Манчестер сити, Кевин де Брујне вели дека ќе додаде дополнителни две години на својата фудбалска кариера откако признава дека тешко се навикнува на животот во домашна атмосфера поради изолацијата по пандемијата на корона вирусот.

28-годишниот Белгиец имаше осум гола и 16 асистенции за Манчестер сити оваа сезона, предводејќи ги до осминафиналето од ЛШ и до четврт-финалето од ФА купот, но вели дека самодисциплината во неговиот дом во Манчестер му оди тешко.

„И кажав на мојата сопруга дека ќе играм малку подолго. По ова ’затворање’ дома и кажав дека ќе играм две години повеќе. Време е да се игра фудбал, многу ми недостасува и тешко ми е. Но, сепак, ние не сме најважни и мораме да останеме здрави. Дома сум веќе две недели. На почетокот моите деца беа малку болни и бев загрижен, но сега сите сме добро“, вели Де Брујне.

Scroll to Top