Top Sport

Истрча маратон во двор од шест метри за добротворни цели (видео)

Џејмс Кемпбел, фитнес-тренер и масажер од Челтенхем истрча маратон во својата градина од само шест метри за добротворни цели, собирајќи над 10.000 фунти за помош на здравствените власти во Британија.

32-годишниот Кемпбел вели дека се „загубил“ во изолација и дека морал да најде предизвик.

„Нема многу позитивни вести во моментов и седам дома со моето куче цела недела. Средував некои работи и си помислив која е најглупавата работа која можам да ја направам. Ми текна да трчам маратон“, вели Кемпбел.

Тој признава дека претходно најмногу истрчал околу 15 километри, а ја помина својата градина фантастични 7.000 метри. На крајот, тој успеа да ја надмине својата зацртана цел и собра 19.514 фунти за подвигот.

Scroll to Top