Top Sport

Корона вирусот може да донесе (привремен) крај на ВАР системот!

ВАР видео-системот за поддршка на судиите може да биде привремено сопрен поради корона вирусот и потребата за социјално дистанцирање, откако УЕФА утре најверојатно ќе го суспендира користењето на технологијата оваа сезона.

Според францускиот „РМЦ спорт“, УЕФА сериозно размислува да го укине ВАР до крајот на сезоните во Лигата на шампионите и Лига Европа, додека во Премиер лигата на пример се размислува да се користи „мобилна единица“ наместо центарот во Стокли Парк.

Главната причина е што во собата со камерите има околу 30-тина луѓе кои ги разгледуваат снимките, нешто што е во спротивност со повеќето препораки за социјално дистанцирање и единствено решение се мобилни комбиња надвор од стадионот, во кои би имало само тројца членови на ВАР тимот.

Досега, ова се има користено само еднаш во Англија, при мечот Манчестер сити-Бартон Албион од Карабао купот оваа сезона, поради недоволните услови на сстадионот.

Scroll to Top