Фудбалскиот натпревар меѓу калчолигашите Џенова и Торино кој беше планирано да се одигра во сабота (3 октомври) и официјално е одложен.
Причината за ваквиот развој на настаните е големиот број позитивни на коронавирусот во Џенова, клубот каде што настапува капитенот на македонската фудбалска селекција, Горан Пандев. За среќа, струмичанецот не е меѓу 14-те позитивни случаи во клубот.
Минатиот викенд Џенова беше декласирана од Наполи со 0-6, а по тој меч тестовите покажаа дека врие од заразени во редовите на клубот од југот на Италија. Преземени се сите мерки, сите заразени се во изолација, а информациите оттаму се дека никој не се пожалил на посериозни проблеми.
Правилата во Италија налагаат ако еден тим има најмалку 13 здрави фудбалери, а најмалку еден од нив да е голман, мечот може да се одиигра.