Top Sport

ЛШ: Јуве против Барса, Меси против Роналдо, пред тежок испит и Баерн и Реал

Попладнево во Женева беа извлечени групите за фудбалската Лига на шампиони, за сезоната 2020/2021.

Поради пандемијата на коронавирусот во светски рамки, и поради тоа што доцнеше завршницата на претходната сезона, големите возбудувања во ЛШ во новава сезона ќе можат да се следат речиси секоја недела, со почеток од 20. овој месец.

Што се однесува до осумте групи, се чини најинтересни се групите А и Г.

Во групата А европскиот шампион Баeрн Минхен за противници ќе ги има тимовите на Атлетико Мадрид, австриски Салцбург и Локомотив Москва.

Во групата Г, пак, каде сите со нетрпение го чекаат новиот дуел на Меси и Роналдо, италијанскиот шампион Јувентус ќе се судри со гигантот Барселона. Во групата со двата фаворити се и Динамо Киев, односно Ференцварош.

Во групата Б, шампионот на Шпанија Реал Мадрид ќе ги одмери силите со Интер, но и со незгодните Шахтјор Доњецк, односно Борусија Менхенгладбах.

Се чини група по мерка доби Пеп Гвардиола и Манчестер Сити. „Граѓаните“ ќе бидат дел од групата Ц, заедно со Порто, Олимпијакос и Марсеј.

Еве како изгледа распоредот во осумте група во ЛШ:

Scroll to Top