Top Sport

Зимските желби на Чави

Барселона бара начин како да го засили нападот во зимскиот преоден рок. Приоритет на тренерот Чави се двајца фудбалери од Манчестер, Феран Торес од Сити и Единсон Кавани од Јунајтед.

Ветеранот од Уругвај, Кавани, може да биде реална опција. Тој нема место во тимот на Манчестер јунајтед, а имал голема желба на залезот од кариерата да го облече дресот на Барселона.

Бидејќи договорот со Јунајтед му истекува за седум месеци, постои можност клубот да го пушти бесплатно.

Со Торес работата ќе оди потешко и покрај тоа што фудбалерот постигна договор со Барселона. Манчестер сити за Торес бара 60.000.000 милиони евра, Барселона најмногу може да понуди 45.000.000 евра.

Scroll to Top