Top Sport

Кошмар за „фармацевтите“, за полувреме примија пет гола од Баерн

Дербито на 8.коло во Бундеслигата, се претвори во кошмар за фудбалерите на Баер Леверкузен. На домашен терен, тие по првиот дел, губат од Баерн Минхен со 5:0.

Кошмарното полувреме за Баерн, го најави Левендовски по само четири минути игра. Постигна гол со кој уште еднаш ја потврди екстра класата.

Следуваше период на игра во кој Баерн приситскаше кон голот на „фармацевтите“, но резултатот остана 0:1.

Казнената експедиција на Јулијан Нагелсман, нарпави блиц-криг во периодот од 30., до 37.минута кога четири пати ја погодија мрежата на домашниот тим. Левандовски, Милер и два пати Гнабри му доносео 0:5 на Баерн по првото полувреме.

Scroll to Top