Top Sport

Вест Хем победи на Гудисон парк

Фудбалерите на Вест Хем јунајтед го победија Евртон на „Гудисон парк“ со 1:0, во осмосо коло.

Вест Хем предводени од поранешниот тренер на Евртон, Дејвид Мојс, одигра подобра натпревар од својот противник и заслужено ги освои бодовите. Мечот не донесе многу возбудувања, најинтересно беше во финишот на првиот дел кога на Соучек му беше поништен гол поради офсајд, а Пабло Форнлас упати непрецизен удар кон Пикфорд.

Клучниот момент се случи во 74.минута. По корнерот кој го изведе Боувен, Огбона го постигна голот кој му донесе три бода на „чеканите“.

Со овој триумф Вест Хем се израмнија со Манчестер јунајтед и Евертон, овие три тима од петтото до седмото место имаат по 14 бодови.

Scroll to Top