Top Sport

Рајо Ваљекано го победи Елче, сега се четврти на табелата во Примера

Рајо Ваљекано е најпријатното изненадување на почетокот на сезоната, во Примера. Тимот чии гол го брани Столе Димитриевски, со победата над Елче (2:1), се искачи на четвртот место на табелата.

Рајо Ваљекано со пресврт славеа над Елче и го запишаа четвртито триумф на последните пет натпревари.

Лукас Боје го постигна првиот гол на мечот. Во 14.минута Аргентинецот му донесе предност на Елче.

Рајо израмија преку Марио Хернандез во 26.минута.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 62.минута, кога на теренот влезе Ренди Нтека. Три минути подоцна, 23-годишниот француски напаѓач, успеа да го совлада Кико Касиља.

Scroll to Top