Top Sport

Меккени со хет-трик за 13 минути, САД со 7:0 победа над Куба (видео)

Американската ѕвезда Вестон Меккeни постигна хет-трик за само 13 минути во првото полувреме, за САД со 7:0 да ја декласираат Куба во меч од ЦОНЦАЦАФ Лигата на нации во Вашингтон

Тимот на Герг Берхалтер беше за класа подобар од Куба, правејќи 6:0 предност на полувреме. Меккени постигна гол по само 31 секунди, и фудбалерот на Шалке го удвои водството само четири минути подоцна, пред во 9. минута Џордан Морис да зголеми на 3:0.

Меккени го комплетираше хет-трикот во 13. минута, за во 37. минута Меккени со петица да го најде Морис, чиј удар заврши во голот. Во 37. минута, Џош Сарџент донесе 6:0 предност, пред капитенот Кристијан Пулишиќ во 62. минута од пенал да ги постави конечните 7:0.

Scroll to Top