Top Sport

Косовецот Кољоли за малку ќе се „утепаше“ прославувајќи гол (видео)

Косовецот Бенјамин Кољоли беше човекот на одлука за швајцарскиот Цирих, откако го постигна единствениот гол на мечот од Лига Европа на гостувањето кај АЕК Ларнака на нашиот Иван Тричковски од пенал во 61. минута.

Меѓутоа, најинтересниот момент на мечот беше по голот – Колољи во обид да прослави пред своите навивачи, прво ги прескокна рекламите, а потоа уште еднаш да го повтори тоа без да сфати дека се работи за повисок оддел кој ги разделува трибините од теренот. За среќа, по првичниот страв на неговите колеги, тој го прослави голот.

Scroll to Top