Top Sport

Семејството Обамејанг ќе го води Габон

Поранешните фудбалери Пјер-Франсоа Обамејанг и Даниел Кузен се именувани за селектори на фудбалската репрезентација на Габон, објавија медиумите во Велика Британија.

На функцијата тие ќе го заменат Хосе Антонио Камачо, кога на Шпанецот ќе му заврши договорот со Фудбалскиот сојуз на Габон.

Таткото на ѕвездата на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг и неговиот колега Кузен, во националниот тим ќе имаат исти улоги. Целта ќе им биде да се пласираат со Габон на Купот на Африка во 2019 година.

53-годишниот Обамејанг бил капитен на Габон во дебито на Африканскиот куп, а во француската лига има одиграно повеќе од 200 натпревари.

Дебито како селектори Обмејанг и Кузен ќе го имаат, во октомври, против Јужен Судан.

Scroll to Top