Top Sport

Косовско-српска „врска“ за колапс на Реал Мадрид на Мајорка

Барселона ќе добие можност да се одвои на осум поени пред Реал Мадрид по 20 кола во шпанската Ла лига, откако „кралевите“ доживеаја неочекуван 1:0 пораз на гостувањето на Мајорка во режија на косовскиот напаѓач Ведат Муриќи и српскиот голман Предраг Рајковиќ.

Карло Анчелоти го почна мечот со Андриј Лунин на голот по повредата на Тибо Куртоа при загревањето пред стартот на мечот, и веќе во 13. минута Украинецот беше совладан, кога екснапаѓачот на Лацио, Муриќи со помош на Начо Фернандез успеа да го измами од далечина.

Иако „кралевите“ потоа има повеќе од играта, немаше вистински стоотстотни шанси до 59. минута, кога беше досуден пенал по оправдан фаул. Но, обидот на Марко Асенсио совршено го прочита голманот Рајковиќ, кој му ја фати „жива“ за да го зачува водството. Инаку за Асенсио промашувањето е посебно болно бидејќи доаѓа во неговиот роден град.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top