Top Sport

Костадинов: Да го повториме уште еднаш чудото од Палермо

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде посилна за Елиф Елмас и за Тихомир Костадинов на финалната бараж пресметка против Португалија на „Драгао“ во вторник. Играчот за врска смета националниот тим има сили, со доза и на малку среќа, да го повтори чудото од Палермо.

„На половина пат сме, имаме уште 90 минути за пласман на Светското првенство. Подготвени сме да вложиме максимум за да успееме да го повториме тоа што се случи во Палермо. Португалците се можеби и подобри индивидуалци, знаеме дека не очекува сосема поинаков натпревар, а секако дека ќе го имаме истиот мотив, желба и пожртвуваност. Се подготвуваме психички и тактички, да одиграме на највисоко ниво. Верувам во овие момци, по успехот во Палермо, зошто да не го повториме тоа и во Порто“, изјави Тихомир Костадинов.

Фудбалскиот национален тим во попладневните часови патува за Порто.

Scroll to Top