Легендата на Милан, Алесандро Костакурта признава дека го нервира односот на Џанлуиџи Донарума и преговорите за нов договор со „росонерите“.
Договорот на Донарума завршува во јуни и тој веќе двапати одби понуди за продолжување од Милан под водство на неговиот агент Мино Рајола.
„Не можам да влезам во неговата глава бидејќи сме поинакви. И ние имавме агенти, и тоа добри агенти, но кога требаше да се остане во Милан го правевме тоа, иако можеби заработувавме помалку. Не верувам дека Милан можат да ја зголемат понудата, бидејќи Паоло Малдини има одреден буџет. Ситуацијата е многу јасна. Не ми се допаѓа што прави Рајола, но кој е одговорен за ситуацијата? Џиџио го бакнува дресот, а потоа не сака да го продолжи договорот. Зошто тогаш го бакнува? Можеби сум старомоден, но бакнувањето на дресот значи нешто. Сакам помалку бакнежи, а повеќе конкретни работи“, вели Костакурта за „Скај спортс“.