Top Sport

Костиќ маестрален, Франкфурт со „петарда“ за Аугзбург (видео)

Одличната форма на Ајнтрахт Франкфурт во последните кола од Бундеслигата се потврди и со 5:0 триумфот над Аугзбург на „Комерцбанк арената“ во првиот меч од 21. Коло.

Чендлер го отвори резултатот во 37. минута, по што следуваше апсолутната доминација во второто полувреме во режија на српскиот фудбалер Филип Костиќ. Тој прво му асистираше на Чендлер за 2:0, а потоа и на Силва за 3:0.

Костиќ продолжи со фантастичната игра и постигна два гола во 89. и 90. минута за „петарда“ против ривалот од средината на табелата.

Scroll to Top