Top Sport

Костиќ пред трансфер во Јувентус

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ се наоѓа пред трансфер во Јувентус. Клубовите биле блиску до постигнување на договор, поради што костиќ нема да отпатува со Ајнтрахт во Хелсинки, каде утре германскиот тим ќе игра против Реал Мадрид во Суеркупот на УЕФА,

Според добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо, Ајтрахт од трансферот на Костиќ ќе заработи околу 18.000.000 евра.

Костиќ кариерата ја започна во Раднички од Крагуевац, од каде замина во холандски Гронинген. Потоа играше во Штутгарт и Хамбург, пред да се пресели во Ајнтрахт во 2018 година.

Костиќ минатата сезона со Ајнтрахт ја освои Лига Европа и беше прогласен за најдобар играч во ова натпреварување.

Scroll to Top