Top Sport

Ковач го носи својот миленик Јовиќ во Монако?

„Франс фудбал“ тврди дека новиот тренер на Монако, Хрватот Нико Ковач се обидува да го убеди српскиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ повторно да работат заедно, овојпат во француската Лига 1.

22-годишниот Јовиќ блесна во Ајнтрахт Франкфурт, каде што тренер му беше токму Ковач, за да заработи трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, каде што не успеа да импресионира и во исто време ги налути првите луѓе на клубот со повредата која ја доби за време на паузата на шампионатот и прекршувањето на правилата за самоизолација.

„Франс фудбал“ тврди дека преговорите се во напредната фаза, и дека Реал Мадрид веќе се согласил да се „ослободи“ од Србинот, на позајмица или на целосен трансфер.

Scroll to Top