Европската фудбалска унија (УЕФА) ги одреди судиите за финалните натпревари на сите четири натпреварувања кои се во нејзина организација.
Славко Винчиќ е назначен да го суди финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, кое ќе се одигра на 1 јуни во Лондон на „Вембли“.
Финалето од Лигата на Европа на 22 мај на стадионот „Авива“ во Даблин каде ќе се сретнат Баер Леверкузен и Аталанта ќе го суди романскиот судија Иштван Ковач.
Португалскиот судија Артур Соареш Диас е назначен за главен судија на финалето на Конференциската лига, Во финалето ќе се сретнат Фиорентина и Олимпијакос на 29 мај на стадионот „Аја Софија“ во Атина.
Финалето на женската Лига на шампиони меѓу Лион и Барселона, кое ќе се одигра на 25 мај на „Сан Мамес“ во Билбао, ќе го суди Англичанката Ребека Велч.