Top Sport

(Видео) Оклахома победи во Далас, Бостон на чекор до источното финале

Оклахома победи во Далас 100:96 и израмни на 2:2 во серијата во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата. Од друга страна, Бостон го доби вториот меч на гостувањето во Кливленд со 109:102 и сега победата го дели од пласман во финалето на Истокот.

Оклахома, предводена од Шеј Гилџес-Александер славеше и покрај тоа што во најголемиот дел од натпреварот ја бркаше предноста на противникот. На три минути до крајот Оклахома го презеде водството со тројката на Чет Холмгрен. Потоа во пенал завршницата дојде до победата.

Гилџес-Александер беше убедливо најефикасен на натпреварот со 34 поени, осум скока и пет асистенции. Го следеа Холмгрен со 18, Дорт со 17, додека Вилијамс постигна 14 поени.

Вашингтон постигна 21 поен за Далас со 12 скока. Дончиќ застана на скромни 18 за него со лош процент на реализација (6/20). Словенечкиот репрезентативец имаше и 12 скока и десет асистенции. Лош натпревар одигра Кајри Ирвинг кој постигна само девет поени.

Следниот натпревар се игра во Оклахома ноќта меѓу среда и четврток.

Бостон ја оправда улогата на фаворит против Кливленд, кој беше лишен од услугите на својот најдобар играч Донован Мичел. Во првата четвртина Селтикси отидоа на плус седум и практично ја задржаа таа разлика до крајот на мечот.

Тејтум стигна до 33 поени со 11 скока, Браун додаде 27. Гарланд имаше 30 поени и седум асистенции за Кавалирс.

Scroll to Top