Top Sport

Ковач го суди финалето на Лига Европа, Португалец ќе ја дели правдата во Конференциската лига

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги одреди судиите за финалните натпревари на сите четири натпреварувања кои се во нејзина организација.

Славко Винчиќ е назначен да го суди финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, кое ќе се одигра на 1 јуни во Лондон на „Вембли“.

Финалето од Лигата на Европа на 22 мај на стадионот „Авива“ во Даблин каде ќе се сретнат Баер Леверкузен и Аталанта ќе го суди романскиот судија Иштван Ковач.

Португалскиот судија Артур Соареш Диас е назначен за главен судија на финалето на Конференциската лига, Во финалето ќе се сретнат Фиорентина и Олимпијакос на 29 мај на стадионот „Аја Софија“ во Атина.

Финалето на женската Лига на шампиони меѓу Лион и Барселона, кое ќе се одигра на 25 мај на „Сан Мамес“ во Билбао, ќе го суди Англичанката Ребека Велч.

Scroll to Top