Катастрофалниот пораз во Франкфурт (5:1) му пресуди на Нико Ковач. Хрватот синоќа спогодбено се раздели со Баерн Минхен. Ковач ја понудил оставката која по состанокот клупските челници решиле да ја прифатат.
„Мислам дека клубот исправно постапи. Резултатите и начинот на кој што игравме во последно време ја иницираа оваа одлука. Јас и мојот брат Роберт решивме да му се заблагодариме на Баерн за последните 18 месеци. Поминавме убав период, му посакуваме се најдобро на тимот“, рекол Ковач.
Баерн Минхен со Ковач на клупата ја освоија двојната круна во Германија, додека во Лигата на шампионите испаднаа во четврт-финалето од подоцнежниот шампион Ливерпул.