Новиот тренер на Монако, Нико Ковач вели дека има јасен план за успех на Монако, велејќи дека „одбраната освојува титули“.
Поранешниот прв човек на Баерн Минхен, Ковач го замени Шпанецот Роберт Морено на „Стад Луј Втори“ на 19 јули, потпишувајќи тригодишен договор со францускиот клуб. 48-годишниот Хрват беше отпуштен од Баерн во ноември 2019 по слабиот старт на сезоната по само 16 месеци и покрај тоа што во првата сезона со клубот освои тројна домашна титула. Во Баерн најмногу му замеруваа за неговата стратегија и тактика и сега тој има шанса да ја поправи репутацијата во Франција.
Монако беше само на деветтото место по прекинувањето на Лига 1 и одамна не изгледале како опасен тим кој во 2016/17 ја освои титулата.
„Верувам во едноставно правило: напаѓачите ги освојуваат мечевите, но одбраната ги освојува титулите. Монако прими 44 гола минатата сезона и тоа во само 28 меча. Ремс, кои беа шести, примија само 21 гол. Тоа е клучно. Да, сакаме да играме офанзивно, со агресија и со голови, но не смееме да бидеме опуштени во одбраната“, вели Ковач.