Top Sport

Погребњак заврши во болница поради корона вирусот

Поранешниот фудбалер на Фулам, Русинот Павел Погребњак е хоспитализиран со пневмонија предизвикана од корона вирусот, потврди неговата сопруга. 36-годишниот ветеран, кој моментално игра за рускиот клуб Урал Екатерингбург се разболел во петокот.

„Мојот сопруг уште е во болница. Има температура и кашлица, која подоцна се разви во пневмонија“, вели неговата сопруга, ТВ-ѕвездата Марија Погребњак-Шаталова.

Погребњак беше фудбалерот кој постигна најбрзи пет гола во историјата на Премиер лигата со Фулам, пред да помине три сезони со Рединг. Тој во кариерата играше и за Спартак Москва и Динамо Москва, како и во Бундеслигата во Штутгарт, а има и 33 настапи за руската репрезентација.

Scroll to Top